ЕУ2020ЈИПР – Примена на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија преку градење партнерства во Југоисточен плански регион

Локација на активноста: Југоисточен плански регион (ЈИПР), општини Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш, Струмица.

Цели на предлог проектот:

Општа цел:

  • Примена на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија и процедурите за ОВЖС и СОЖС за постигнување на одржлив развој на ЈИПР.

Специфични цели:

  • Зајакнување на капацитетите на локалните власти и граѓанските организации од ЈИПР за транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија.
  • Воспоставување на мрежа на граѓански организации за информирање и следење на политиките од аспект на заштита на животна средина во ЈИПР.

Целна група:

  • Граѓански организации од ЈИПР
  • Секторите за животна средина од општините од ЈИПР

Крајни корисници:

  • Граѓански организации од ЈИПР
  • Општините од ЈИПР
  • Жителите на ЈИПР

Очекувани резултати:

  • Граѓанските организации и локалните институции од ЈИПР имаат зголемени познавања за ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија.
  • Зголемување на улогата на граѓанските организации во процесите на примена и имплементација на регулативите на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија.
  • Подобрена соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти од општините од ЈИПР за транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија.
  • Вмрежување на граѓанските организации за соработка и заеднички настап во процесите на креирање политики и донесување одлуки од областа на заштита на животната средина значајни за ЈИПР.

Главни активности:

  1. Истражување и анализа на постоечките ОВЖС и СОЖС во регионот.
  2. Организирање на обука со работилница.
  3. Спроведување на трибини во општините.
  4. Координативен состанок на здруженија на граѓани од ЈИПР за покренување заедничка иницијатива за формирање на мониторинг тело.